Ливриниќ тестирана, резултатот негативен!

Глориа Бузау, романската екипа каде што следната сезона ќе игра македонската репрезентативка Елена Ливриниќ објави соопштение за здравствениот статус на Македонката. 



Елена Ливриниќ беше единствената ракометарка то беше позитивна на корона тестот направен пред стартот на подготовките на кубот. Денеска, Глорија Бузау, објави соопштение во кое вели дека играчот повторно бил тестиран на 13 јули и дека резултатот е негативен. 

Веројатно ќе има уште некоја формалност, евентуално втор тест, пред Ливриниќ да се врати на тренинг, но најважното е што вирусот е победен и Ливриниќ е добро и без последици. Тоа е одлична вест и за селекторот, затоа што Ливриниќ е една од најдобрите ракометари во националниот состав. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk