Нов клуб за тренерот на Бенфика, ново лого за Пик Сегед...

Карлос Ресенде, довчерашниот тренер на Бенфика има нов клуб. Тој следната сезона ќе ја води екипата на Гаја. Овој клуб се раздели со тренерот Кошта набргу по прекинувањето на сезоната и чекањето му се исплати, па доведе познато име. Ресенде откако ја заврши богатата играчка кариера беше тренер на Порто, Брага и последно на Бенфика. 
Да потсетиме само дека во Гаја игра можеби најдобриот млад играч во светот во моментов, 18 годишниот Мартим Кошта. 



Корона, ако ништо друго, им даде многу слободно време на сите, вклучувајќи ги клупските управи. За дел од нив ова беше можност да одиграат акции за кои ретко се наоѓа време. Така ЕХФ се ребрендираше, ИХФ го смени логото, а ново модернизирано лого има и екипата на Пик Сегед. 




Две екипи од Грција се пријавија за учество во маките европски купови. Тоа се АЕК и Диомидис, двата клуба ќе играат во ЕХФ Куп (Челинџ), натпреварување во кое не играат македонски екипи. 

Либербанк Хихон е екипата што го освои третото место во прекинатото женско првенство на Шпанија. Од финансиски причини решија да не играат во Европа следната сезона. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk