Вардар стартува без Чупиќ

Вардар во сабота ќе ги почне подоготовките за претстојната сезона, а засега само еден играч најави доцнење



Вардар во сабота ќе ги почне подготовките за претстојната сезона, а ден претходно сите играчи и тручен штаб ќе бидат тестирани за Ковид 19. 
Во исчекување на тоа како ќе изгледаат тренинзите, кога ќе бидат отворени салите и слично, екипата петмесечното седење дома ќе го замени со физички подоготвки. 

Иван Чупиќ најави дека ќе доцни и тој треба да се приклучи на екипата следната недела, најверојатно во вторник. Се е во ред со него, има приватни работи за завршување пред да стигне во Скопје. 

На еден месец до стартот на СЕХА Гаспром, ситуацијата не е многу оптимистичка, особно што во Македонија се најавува нов бран. Ќе видиме како ќе биде, СЕХА Фајнал фор трба да се одигра во последната недела од август, а Вардар за пласман на Ф4, ќе треба да одигра уште еден меч со Нексе, па да им се приклучи на ППД Загреб, Мешков Брест и Веспрем. 

Потоа на 16/17 септември е на распоред првото коло од ЛШ, а Вардар треба да патува во Брест, Белорусија, а тоа едно од најкомплицираните патувања во Европа. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk