Целје се префрли во Лигата на шампиони, а Рибница се откажа од учество во Европа...
Денеска е последниот ден од рокот за пријавување на екипите во Европските купови. Многу работи беа јасни, некои денеска се расчистуваат. Како учеството на Бутел Скопје на пример кој денеска уплати депозит и потврди дека ќе игра во Европа.
Веќе објавивме дека од Лига на Европа се откажаа Хановер и Логроњо, а од Словенија добивме потврда дека само една екипа ќе аплицира за ЛЕ од кај нив. Тоа е Тримо Требње, екипата на Рибница нема да се пријави за европски натпреварувања и оваа година.
Со оглед на тоа дека Словенија не требаше да има претставник во ЛШ, Целје требаше да игра во група на ЛЕ, а Тримо Требње во квалификации за ЛЕ.
Да видиме каде сега ќе го смести ЕХФ вториот словенечки клуб - во група или во квалификации.
Интересно, Горење, екипата што лани го елиминираше Металург, годинава ќе биде единствениот претставник на Словенија во ЕХФ Куп или по старо - Челинџ Куп.