Познат шпански клуб се откажа од ЛЕ

По германскиот Хановер, денеска и позната шпанска екипа објави дека поради Ковид 19 нема да учествува во годинешната евро-сезона



Екипата на Логроњо, клуб во што прекинатото првенство на Шпанија го освои третото место, зад Барса и Адемар, денеска објави дека нема да се пријави за учество во Лига на Европа следната сезона. 

Причините поради кои Логроњо реши да игра само во домашниот шампионат се познати - Ковид 19. Премногу ризици носи пандемијата, па клубот реши да се посвети на обврските во Асобал лигата. Патем, веќе објавивме, Логроњо заедно со Барса, незадоволни од изборот на Арагоњес за генерален секретар на Аобал, излегоа од здружението на најдобрите шпански клубови. 

Ова е второ звучно откажување за ЕХФ од ЛЕ. Претходно Хановер се откажа, а денеска-утре ќе слушнеме и за плус уште некое име со оглед на тоа дека завршува рокот за пријавување и списоците за учество во европските купови ќе бидат конечни. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk