Македонија во Европа со шест екипи

Денеска е последниот рок за пријавување на екипи во Европските Купови во федерациите, од утре топката е на половината на ЕХФ.



Пријавувањето на екипите за настап во претстојната евро-сезона завршува денеска, од утре ЕХФ ќе ги разгледува пристигнатите апликации  и барања и на 21 јули ќе го имаме комплетниот список на учесници на виделина. 
Ждрепката ќе биде извршена на 28 јули. 

Македонија, официјално, ќе ја претставуваат шест клуба. Четири во машка и два во женска конкуренција. 

Вардар е единствениот учесник во ЛШ, а според рејтингот следите три клуба ќе играат во Лига Европа. Тоа се Е. Пелистер, Металург и Бутел Скопје. 

Во моментот кога Е. Пелистер аплицираше за ЛШ, Металург побара надградба и место во групната фаза од ЛШ. Во зависност од бројот на пријавени екипи, ЕХФ ќе ги распредели учесниците, но најреално да очекуваме е Е. Пелистер да игра директно во група, Металург да биде во прв шешир од второто квалификациско коло, а Бутел Скопје да игра две кола квалификации. 

Во женска конкуренција откако не успеа да добие место во ЛШ, Куманово се реши за игра ЕХФ Куп (Челинџ Куп, додека за место во Лига Европа аплицираше Чаир. Прашање е какво место ќе добијат чаирчан(к)и од ЕХФ со оглед на тоа дека се дебитанти во ова натпреварување. 

Екипите на Охрид и Т. Пролет кои со одлука на УО имаа можност да бидат пријавени за вајлд карта за ЛЕ, решија годинава да не аплицираат за настап во европски куп. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk