Веспрем ќе се подготвува дома

Ланскиот шампион на Унгарија и учесник во новата ЛШ, Веспрем, реши да се заштити од корона така што нема да патува никаде за време на подготовките.



Корона ефектот допрва ќе зема данок каде што ќе стигне. Годинава ќе бидат погодени и спортските центри што преку лето печалеа од клубовите што доаѓаа кај нив на гости да се подготвуваат за сезоната. 

Еден од клубовите што нема да излезе од својата сала, а патем ќе се штити од корона така што ќе ги минимализира контактите е гигантот Веспрем. 
Дејан Манасков денеска почнува со подготовките за следната сезона, а целиот тренажен процес ќе се одвива во нивната сала. 
Планирани им е пет контролни натпревари, три од нив во периодот од 5 до 15 август се со Татабања, Ѓунѓеш и Балатон. Сите мечеви ќе се играат во заклучена сала, а датумите и термините се уште сега со ставка променливи и потенцијално можат да бидат откажани. 
Другите два меча треба да бидат „поголеми“, но не се знае кога и со кого ќе играат. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk