Kрај на кариерата на екс играч на Металург

Во 2010 година додека тренер беше Лино Червар, во Металург од Германија, Емстетен, пристигна 202 сантимтери висок десен бек.



Во првите години на Лино Червар во Металург имае големи играчки промени, а во еден период, во 2010 година во Скопје од Германија пристигна Дује Миљак, 202 сантиметри висок десен бек од кого барем судејќи според физичките предиспозиции, се очекуваше многу. 

Дује Миљак не остави длабока трага во Скопје, но тоа не му пречеше да си одработи сосема солидна кариера во која од Металург замина во Ајзенах, потоа во Бергишер, па потоа се проба и во Вест Виена во Австрија, за одново да се врати во Ајзенах кој сега игра во Втора Бундес лига. 

И кога наполни 36 и веќе се ближи кон 37 година, реши дека му е доста. Ајзенах денеска ги почнува подготовките за следната сезона, а освен смената на тренерот Сеад Хасанефендиќ, во составот ќе го нема и Хрватот. 
Тој официјално, ја завши играчката кариера и се приклучи кон прилично долгиот список на играчи што во март го одиграа својот последен натпревар, без да знаат дека тој навистина им е последен во кариерата. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk