Петро-доларите помили од Металург и Европа

Металург и Андреј Здрахале преговорите за трансфер ги почнаа во февруари, неуспешно ги завршија во мај. Сега знаеме и зошто не успеаја



Андреј Здрахала е еден од играчите од кого многу мака имаат видено македонските репрезентативци. Годинава, Металург реи тоа да го претвори во своја полза, па во февруари, веднаш по заврувањето на ЕП Австрија, почна преговори со Чехот. 

Во тоа време Шпанецот Хавиер Сабате кој е тренер на Висла Плок правеше место за нови Шпанци во клубот, па за најдобриот стрелец од ЕП Хрватска 2018 немаше место кај него. И Здрахала почна да флертува со Металург. 

Во еден момент ја одби понудата, но откако Бразилецот Енрике Тешеира потпиша, сам се врати на преговарачката маса и така беше се до мај, кога дефинитивно, информираше дека потпишал за друга екипа. 

Која е другата екипа, дознавме денеска. Тоа ќе биде Ал Вакра од Доха, Катар. Преговарале за две, се договориле за една сезона. Металург против катарските газди, веројатно немал големи изгледи во поглед на висината на договорот што можел да го понуди. 
Таму, ќе му биде ривал на Звонко Шундовски кој исто така се сели во долината на петро-доларите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk