Кумановски синдром во Бундес лига

Филип Кузмановски го одбра тимот што секое камче фрлено од Ковид 19 ќе го погодува директно во глава, односно новчаник. Нема Хановер да игра во Европа, но другите германски екипи се заинтересирани за местото. 




Бундеслигашот Хановер, екипа за која пролетва потпиша македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, е најзвучното откажување од Лига Европа, па македонскиот ракометар следната сезона ќе ги гледа само терените во Германија. Не е ни прв клуб, нема да биде ниту последен, во понеделник, завршува пријавувањето, на 21 јули точно ќе знаеме кои се екипи решиле да го зачуваат во својата каса депозитот од 20.000 евра за учество во ЛЕ. 
Не минаа ни два часа по објавата на Хановер, а веќе се јави следниот на бундес листата - Мелзунген. Тие го сакаат местото на Хановер, но има проблем - се јавува „кумановскиот синдром“. 

Хановер е на четвртото место на табелата во Бундес лигата. Кил и Флензбург играат ЛШ, Магдебург и Хановер треба да играат директно во групната фаза. РНЛ и Берлин во квалификациите. Мелзунген е седми на табелата. 

Местото на Германија може да го заземе друг клуб, но местото на Хановер во групната фаза, не може по правило да го заземе следниот на табелата, за него треба да аплицира за надградба, односно за вајлд карта за каква што аплицираше и Металург на пример. Вчера немаше податок дали за надградба ќе аплицира РНЛ или пак Мелзунген директно ќе го бара местото на Хановер. 

Сега Германците ќе чекаат одговор, а и нас не интересира како ЕХФ ќе реагира кога во прашање не се мали клубови од мали земји, туку дали принципот останува и за големи имиња какви што се РНЛ и Мелзунген на пример. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk