Македонска репрезентативка позитивна на Ковид 19

Корона виирусот е секаде околу нас, па беше прашање на време кога на списокот на позитивни ќе почнат да се појавуваат и познати имиња. Денеска, Романците објавија за корона случај во Бузау, а позитивна на тестот е македонска репрезентативка. 



Македонската репрезентативка Елена Ливриниќ (25) е единствениот позитивен случај на Ковид 19 во романскиот клуб Бузау, јавува Газета Спортилур. Клубот пред стартот на подготовките ги тестираше ракометариките и епилогот е тој. 
Македонската ракометарка веднаш е ставена во изолација, а исто така и нејзината цимерка Патрициа Морару и уште двајца членови на тимот со кои имала контакт. 

Со Корона ќе мораме да научиме да живееме, таа веќе е секојдневие. На Ливриниќ и посакуваме брзо заздравување и враќање на терен. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk