Лесен пат за женската репрезентација до бараж

Женската репрезентација на Македонија доби група од која би требало да се пласира во следната фаза од квалификациите - Плеј Оф



ГРУПА „1“ - Словачка, Украина, Израел, Луксембург
ГРУПА „2“ - Македонија, Исланд, Литванија, Грција
ГРУПА „3“ - Турција, Португалија, Финска
ГРУПА „4“ - Австрија, Италија, Косово
ГРУПА „5“ - Белорусија, Швајцарија, Ф. Острови
*По две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во баражот.

Македонија ќе игра против Исланд, Литванија и Грзија за две места што водат во баражот. 

Оваа фаза од квалификациите ќе се игра во еден град. Односно секоја група во по еден град. Откако ќе се изврши ждрепката, ќе се извлекува и за право на организација на групите. Термините се 27-29 ноември или 4-6 декември. 

Грција има право прва да ја организира групата, ако тие се откажат тогаш Македонија добива право да биде домаќин, потоа следи Исланд и на крајот Литванија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk