Ќе стигне ли женската репрезентација до СП?

Ќе успее ли женската репрезентација на Македонија по 10 години пауза да се врати на големо натпреварување или ќе ја чекаме 2022 во која Македонија како ко-домаќин на ЕП, службено ќе биде сместена меѓу учесниците?
Последната шанса е СП 2021, првиот мундијал со 32 екипи. Но, веќе видовме како изгледа тоа во машка конкуренција, не само што не е полесно да се стигне до СП, туку напротив, кога си во втор шешир во бараж, ништо не е розово. 



Женската репрезентација на Македонија денеска ќе ги добие противниците во првата фаза од квалификациите за пласман на СП Шпанија 2021. Тоа ќе биде првиот женски мундијал со 32 екипи, а од тие 32, 14 места се за Европа. Со светскиот првак и домаќинот, вкупно 16 места ќе бидат за Европа, а сигурно ќе има и понекоја вајлд карта.

Македонија почнува од Прва фаза квалификации, ќе игра ови група, а потоа ако мине ќе игра бараж. 


Прв шешир: Македонија, Австрија, Белорусија, Словачка и Турција. 
Втор шешир: Украина, Италија, Исланд и Португалија.
Трет шешир: Литванија, Ф. Острови, Косово, Израел и Финска
Четврт шешир: Грција и Луксембург. 

Првата фаза од квалификациите ќе се игра во еден град. Односно секоја група во по еден град. Откако ќе се изврши ждрепката, ќе се извлекува и за право на организација на групите. Термините се 27-29 ноември или 4-6 декември. 


Ќе бидат формирани пет групи. Во две групи ќе има по четири екипи, во три групи по три екипи. По две екипи од секоја група продолживаат во Плеј оф фаза од квалификации.
Таму овие 10 репрезентации ќе играат против 10-те репрезентации што ќе се пласираат од 5 до 16 место на ЕП 2020 во Норвешка и Данска
Четирите најдобри од ЕХФ Еуро, заедно Холандија (Светски првак) и Шпанија (домаќин) ќе се пласираат директно на СП.


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk