Тоскиќ: Чурго има подобри услови од Вардар

Поранешниот играч на Вардар, сега член на унгарскиот Чурго во интервју подвлече една интересна ситуација



Македонија никогаш не важела за земја во која има добри услови за спортските, конкретно ракометните клубови. Не замеруваме на никого, доволно е да се отиде на пример во декември во Битола или само да се излезе од Скопје и добивате бесплатно патување назад во времето кога биле градени салите. 

До 2008 Скопје предничеше со парадоксот. Паметиме како никогаш пополниот плоштад во Скопје во еден глас извикуваше „Сакаме сала“ кога Кометал прв стана европски шампион. Со, со изградбата на „Борис Трајковски“, малку мрднавме од место, а потоа Самсоненко со „Јане Сандански“ ја дополни прказната.

Се изнаслушавме пофалби, лично и престедателот на ЕХФ, Михаел Видерер со секој збор плукаше златник, својствено за нас тоа е помножено со 10, но еве го денеска Алем Тоскиќ, екс ракометар на Вардар од ерата на Самсоненко, вели... Чурго има подобри услови. 

„Чурго е организиран тим со финансиска конструкција, еден од најстабилните во лигата. Не се доцни со плата ни ден ни час. Единствена маана е што имаме сала од 2.500, а ни треба најмалку од 5. Бев во Вардар во ерата на Самсоненко и можам да гарантирам дека Чурго има подобри услови. Тоа е перверзија. Цел центар, сала, олимписки базен, теретана, сауна... можеш да работиш каде сакаш и тоа е само за тебе. Работиме во фантастични услови“, изјави поранешниот вардаров пикер. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk