Дамите утре добиваат противници за СП

Утре, женската сениорска репрезентација ќе ги добие противниците во првата фаза од Квалификациите за СП Шпанија 2021



Женската репрезентација на Македонија утре (15:00часот) ќе ги добие противниците во првата фаза од квалификациите за пласман на СП Шпанија 2021. Тоа ќе биде првиот женски мундијал со 32 екипи, но веќе видовме во машка конкуренција, бројот на екипи не ги прави полесни квалификациите, напротив. 

Македонија во овие квалификации влегува од првиот шешир, заедно со Австрија, Белорусија, Словачка и Турција. 
Во вториот шешир се: Украина, Италија, Исланд и Португалија.
Во третиот шешир се Литванија, Ф. Острови, Косово, Израел и Финска
Во четвртиот шешир се Грција и Луксембург. 

Ќе бидат формирани пет групи. Во две групи ќе има по четири екипи, во три групи по три екипи. Вкупно пет групи од кои по две репрезентации ќе се пласираат во плеј оф за СП. 
Таму овие 10 репрезентации ќе играат еден на еден со 10-те репрезентации што ќе се пласираат од 5 до 16 место на ЕП 2020 во Норвешка и Данска (Холандија и Шпанија се директно пласирани на СП, а директно ќе се пласираат и првите четири од ЕХФ Еуро). 

Првата фаза од квалификациите ќе се игра во еден град. Одосно секоја група во по еден град. Откако ќе се изврши ждрепката, ќе се извлекува и за право на организација на групите. Термините се 27-29 ноември или 4-6 декември. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk