ВЕСТИ: Селекторот на Финска се откажа од „тезгата“, Стинга се откажа од ракомет...

Селекторското дуо на Финска, Швеѓаните Ола Линдгрен и Роберт Архениус нема веќе да ја водат егпетската екипа и најпознат тим од Африка - Ал Ахли. 
Кратко траеше нивната авантура, а ќе ги наследи Тарек Макрус. Тој ќе се надмурува со Хусен Заки, селекторот што освои злато на кадетското СП во Македонија. Заки минатата недела го презема Замалек.
Линдгрен останува селектор на Финска и ќе го видиме во Скопје уште во првото коло од квалификациите за ЕП 2022, во ноември.



Василие Стинга е ракометна легенда, романски пандан на Веселин Вујовиќ, европски „крем де ла крем“. Но ниту тој не може со младите „прогресивни“ сили во Романија. Во Романија во ракометот во игра се големи суми на пари што ги одвојува државата, тоа носи се поголеми ајкули и други гладни риби и рипчиња, па дојде време и кога името Стинга веќе не значи ништо. Затоа легендарниот играч по најновите недоразбирања што ги имаше, објави дека комплетно се повлекува од ракометот. 

Русија за селектор на кадетската репрезентација, Генерација 2004 и помлади ангажираше странец. Шпанецот Педро Перера ќе ги тренира руските надежи во иднина. 

Босанскиот ракометар Дејан Малиновиќ ја напушта романската Констанца и следната сезона ќе игра во Унгарија. Неговиот нов клуб е Балатонфуред. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk