Лазаров би го водел ППД Загреб

Кирил Лазаров неодамна го најави крајот на играчката кариера. Хрватските медиуми, пак, ја објавија неговата тренерска желба



Неофицијалните најави беа дека Кирил Лазаров ќе потпише нов договор со Нант и ќе игра до јуни 2022, но чекајќи го тој потпис, дојде најава од македонскиот голгетер дека следната сезона, ќе биде последна. Дали ќе биде така или вака, ќе видиме. Никој не знае што носи тоа „утре“, а во меѓувреме хрватските новинари пишуваат за неговата желба, тренерска желба, 

„Спортске Новости“ објавија дека тренерската клупа на ППД Загреб е желбата на Кирил Лазаров. Нормално, кога за тоа ќе се создадат услови. Во моментов, таму за тренерско деби се подготвува Игор Вори. 


Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk