Брестовац: Седум на шест ја уби креативноста, ја забави играта

Дури 39 врвни тренери одговараа на истите прашања поврзани со правилото „седум на шест“. Во оваа тренерска елита е и Данило Брестовац, селекторот на машката репрезентација на Македонија. Ви го пренесуваме неговото интервју за „Handballwoche“ што ќе биде објавено утре во Германија. 



- Дали ракометот стана поатрактивен како резултат на промената на правилото „седум на шест“?

Данило Брестовац: Далеку сме од одговор, откако конечно го прифативме револуционерното правило за проактивен ракомет. Има сериозен проблем со новите правила кои фаворизираат субјективни одлуки на судиите. Атрактивност? Ги загубивме основните принципи и квалитетот на нападот. Нападот се сведе на лимитирани движења, креативноста се рефлектира само кон додавањата до пивотот, со минимални напори да се пробие дефанзивната зона. Немаме промени на позициите, немаме игра еден на еден. 

- Дали се смени основната идеја за ракометот како резултат на ова ново правило? Ако е да, тогаш зошто?

Данило Брестовац: Со влегувањето на седмиот играч и предноста од играч повеќе во кој било момент, не става во инфериорна позиција во текот на целиот меч. Дали е тоа идејата? Се разбира дека не!
Динамиката на на играта се губи и ритамот се намалува. Досега целевме кон забрзување на играње, но во овој случај ја забавивме. Сега и нападот мора да чека, за голманот да се замени со напаѓач. 

- Како се промени вашиот стил на стилот на игра и системот на игра на вашиот тим во однос на голманот, нападот и одбраната како резултат на промената на ова правило?

Данило Брестовац: Ова правило ги стави голманите во втор план, нивниот тренинг процес се промени. Тие мораат повеќе внимание да посветат на трчањето и потоа да го бранат голот со зголемен пулс. Нормално, промени се направија и во дефанзивата, потешко е да се браниш кога противникот има играч повеќе во поле. 
Мојот стил на игра не кореспондира со ова и јас не сум поддржувач на правилото. Сакам мојот тим да надигра шест играчи, да има голема циркулација на топката во напад, повеќе промени на позициите, игра два на два...


- Дали ова правило ги прави пославите тимови посилни, или пак дали ги нградува тренерите што преземаат поголем ризик:

Данило Брестовац: Можеби да, можеби не... Подетална анализа е потреба за ова прашање. Понекогаш послабите тимови стануваат еднакви со подобрите. Но, тука би морале и да видиме како во случајот подобрите се подготвувале за тој меч, каква им е мотивацијата. Дали е целта само да се победи или да се разбие противникот. Потребно е статистички да се докаже дали послабите тимови се доближиле, со условно подобрите. 

- Како ги гледаш головите на празна мрежа и нивното влијаните врз ракометот?

Данило Брестовац: Можеби головите на празна мрежа не се толку лоши за гледање како промашените шутеви. Замислете го квалитетот на мечот, кога успеваш да се одбраниш и потоа шутираш на празен гол и го промашуваш за два метра. Тука нема тактика, туку прецизност.  Во овој контекст, дали головите придонесуваат за поголема популарност или станува здодевно да се гледа како се постигнуваат голови на празен гол. Каде се голманите? На клупа за резерви ако не се заменат навреме. Што е целта на голманот? Да одбрани и евентуално да стартува контра напад. 

- Ако имаш шанса, дали би го променил правилото?

Данило Брестовац: Би го модифицирал. Би сакал да можам да го заменам голманот со играч во моментите кога имам исклучен играч. Но, не би сакал да ја имам можноста да напаѓам 60 минути со играч повеќе или да се бранам 60 минути од играч повеќе. Би сакал да има еднаквост на теренот, а не бројката да биде предност




 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk