Тренерите не ја сакаат играта „7 на 6“ , сакаат промена

Во најобемната досега извршена анкета околу правилото „7 на 6“ и тоа не анкета заснована на кликови, туку на разговори со 39 врвни тренери, резултатот што ИХФ треба да го слушне е 30-9 во корист на поништување или менување на правилото. 



Учествуваа следните тренери на женски екипи:
Olivier Krumbholz, Thorir Hergeirsson, Ambros Martin, Morten Soubak, Jorge Duenas, Henk Groener,
Herbert Müller, Leszek Krowicki, Kim Rasmussen, Per Johansson, Martin Albertsen
Машки екипи: 
Glenn Solberg, Gudmundur Gudmundsson, Lino Cervar, Ljubomir Vranjes, Chema Rodriguez, Manolo
Cadenas, Guillaume Gille, Javier Zupo, Zoran Roganovic, Velimir Petkovic, Filip Jicha, Javier Pasqual,
Talant Dujshebajev, Maik Machulla, Danilo Brestovac, David Davis, Iouri Schewtsow, Jordi Ribeira,
Aron Kristjánsson, Nikolai Jacobssen, Erlingur Richardsson, Raul Gonzalez, Roberto Parrondo, Dagur
Sigurdsson, Ola Lindgren, Daniel Kubes, Petr Kukuch

Селекторот на Македонија, Данило Брестовац е против ова правило, а неговото интервју ќе го објавиме подоцна. Раул Гонзалез и Давид Дејвис се против, Гарсија Парондо е еден од тие што се воздржани, но би сакал да го модифицира правилото. Против се и Душебаев, Шевцов... 
Тренери кои се „ЗА“ се данскиот селектор Николај Јакобсен и нормално - Лино Червар. 


„Многу поериозно е тоа што аматерски судии водат натпревари на професионалци и се премногу во фокусот во кој би требало да се играчите и тоа поради правилата. Има многу правила за кои би можеле за зборуваме за да го направиме ракометот поатрактивен. Како и да е, мислам дека правилото на седми напаѓач е добра одлука и може да го унапреди ракометот. Ги прави послабите тимови подобри, натпреварите побалансирани, тактички лимитираните тренери добиваат повеќе шанси. За разлика од другите, јас сметам дека 7 на 6 ја зголемува креативноста на играчите, затоа што мораат да работат како колектив, а не да бидам само индивидуално силни. Ракометот не е за себичните, напротив, се работи само за тимот. И ова правило е секаков во фокусот. Но, поважно, ИХФ и ЕХФ мораат да ги слушаат топ тренерите почесто за разни теми и да дискутираат со нив кога танува збор за стратегии и иднината на ракометот“, изјави Лино Червар. 

Во обемната анализа што опфаќа интервју со секој од споменатите тренери, издвојуваме. 

23 тренери сметаат дека казната од две минути веќе не е казна
22 тренери сметаат дека играта станала побавна и понединамична
22 тренери - шутевите на празен гол не се атрактивни
21 ракометот генерално стана понеатрактивен
17 основната идеја на ракометот негативно се менува
15 намалени се тактичките опции
15 нема шанса за офанзина-дефанзивна варијанта
14 постојаната игра со играч плус е негативна
12 Нема повеќе 1 на 1 итуации
11 играта станува здодевна
9 помалку креативност во нападот
7 Дефанзивците играат поостро затоа што нема последици, веднаш може да се користи екстра играч при исклучување
6 Негативен импакт на младите играчи и губење на талентот
6 Нема доволно простор за седум играчи во напад, теренот е премал
6 судиите дозволуваат нападот 7 на 6 да трае предолго
5 ризикот за повреда на голманите е зголемен
5 На тренинг се губи време за поважни работи
5 послабите тимови реално не добиваат предност


Тренери што се за новото правило:
7 тренери сметаат дека има повеќе тактички опции
3 тренери сметат дека послабите тимови имаа подобри шанси
2 тренери сметаат дека се создаваат нови типови на играчи

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk