Поранешен селектор на Македонија издаде книга

Корона паузата ги затвори вратите од ракометните сали, но ослободи многу време за завршување на се што не може да се заврши поради силното темпо на ракометните сезони. Секој го троши времето на свој начин, а познато ракометно име реши да биде дополнително конструктивен во овој период. 
Драган Ѓукиќ, познато ракометно име на просторите на Македонија, поранешен селелктор на нашиот државен тим и своевремено тренер на Вардар, ја промовираше својата книга „3-2-1: Враќање кон корените“. 



„3-2-1: Враќање кон корените“ е првото авторско дело на Драган Ѓукиќ и прва книга од ваков тип на бившите ЈУ простори. 
Во неа се говори за зонската одбрана 3-2-1, одбраната што стана заштитен знак на играта од овие простори и што е директно поврзана со некои од најголемите успеси на екипите од бившата држава. Во моментов е достапна на српски и на англиски јазик. Вреди да се има, како учебник и потсетник за се што знаеме и не знаеме за оваа формација. 



Паралелно со пишувањето и сите пропратни работи што одат со издавање на книга, српскиот тренер ја продолжи традицијата на одржување на летната академија „Handball4All“. Годинава, требаше да слави 10 години, но место прослава, имаше онлајн издание на сите досегашни учесници, како и секогаш богата со угледни гости-предавачи, а честа да биде специјален гостин ја имаше репрезентативецот на Швајцарија и играч на РНЛ, Анди Шмит. 



Онлајн настаните беа само за досегашните учесници, но сега сите заинтересирани можат да ги видат на youtube каналот на Handball4All“. 

ЛИНК до каналот Handball4all



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk