ВИДЕО: ЕХФ има и нова химна

ЕХФ сезонава ја запишува како крај на една ера и почеток на нова. А корона не е виновник за тоа. ЕХФ потпиша спонзорски договор за следните 10 години тежок пола милијарда евра и почетокот на новата соработка ја одблежува на сите полиња. 



ЕХФ не го смени, туку го модифицираше логото или го модернизираше како што сакаат да кажат. Има нов формат на ЛШ, има нова веб страна, има нови пехари за ЛШ, унифицирани и за мажи и за жени. Шпанска „Марка“ ги искритикува пехарот што претставува топка што влегува во мрежа. Критиката се однесува на тоа дека нема конкретна асоцијација со ракомет, пехарот според нив може да го симболизира и фудбалот на пример... Но, да не им бараме недостатоци, ЕХФ има и нова химна. 
Не е објаснето дали старата химна оди во архива, но при влегувањто на екипите на терен, ќе слушаме нова многу помодерна верзија, односно сосема нова музика. Единствено што не се знае  е дали старата химна ќе ја слушаме одново при претставувањето на екипите. Влегувањето на терен, ќе биде проследено со новата верзија.
Послушајте како тоа звучи: 

 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk