ТРАНСФЕРИ: Екс играч на Металург е слободен агент, „вардарецот“ Толедо доби друштво



Поранешниот ракометар на Металург, Немања Младеновиќ (26), нема да ја продолжи соработката со португалскиот тим Спортинг. 
Младеновиќ беше голема надеж на српскиот ракомет, уште како тинејџер беше регрутиран од Гумерзбах, каде мина две сезони, па замина во Рошток и Сесон Рен пред да дојде во Металург. Откако замина од Скопје играше за Констанца и последно Спортинг.

ГОГ Гудме потпиша нов договор со искусниот голман Сорен Хаген. Старо-новиот голман на данскиот клуб има полни 46 години. 

Баја Маре, машкиот романски клуб откако се договори со Де Толедо од Вардар и помалку познатите Шкробиќ и Бузагањи, го ангажираше поранешниот романски репрезентативец Јонут Рамба, а од Португалија на позајмица му пристигна Едмилсон Араухо. 

Хусаин Заки, една од легендите на египетскиот ракомет, стана тренер на Замалек, еден од двата топ клуба од Египет. Ал Ахли е неговиот најголем ривал. Тој е селектор и на египетскиот кадетски тим што стана светски шампион на мундијалот одржан во Македонија минатата година.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk