Иднината ни зависи од вајлд карта или место на ЕП

Безгрижните денови за македонската сениорска репрезентација се минато. „Келнерите“ од СП Германија 2019 и ЕП Австрија 2020 веќе ја спремаат големата сметка, а ние заедно со Србија, Русија и Црна Гора сме последните гости што останаа на масата.



Македонската сениорска репрезентација веќе не е на крстопат, туку има правец кон зоната на слободно паѓање и целата иднина на тимот зависи од следните два настани. СП Египет 2021 и ЕП Словачка/Унгарија 2020. Сега е моментот кога мора да се постави стратегијата за следните четири години. „Киксови“ веќе не се дозволени. 

ЕП 2020 беше последното рангирање со кое вториот шешир ни беше загарантиран. Можеби повеќе нема да биде така. Македонија во моментот кога се правеа шеширите за ЕП 2020 беше (се уште е) на 15 место, со 152 бода освоени на ЕП Хрватска, СП Германија и ЕП Австрија. Бевме втор шешир, Шпанија и Хрватска, како и Унгарија директно пласирани ја поместија границата при ранкингот.  Настрана тоа, Србија како 16-та имаше 128 бода, а Русија само 108... 

Но, при следното рангирање, на Македонија ќе и се избришат 64 бода освоени на ЕП Хрватска каде што игравме главна рунда и место нив треба да се бројат бодовите освоени од СП Египет. А таму не сме пласирани. 

Во моментов без бодовите СП Египет и без бодовите од ЕП Хрватска, ранкингот би изгледал вака: 
1. Норвешка (272), 2. Шпанија (256), 3. Хрватска (248), 4. Германија (232), 5. Данска (212), 6. Шведска (208), 7. Франција (176), 8. Унгарија (152), 9. Словенија (144), 10. Австрија (136), 11. Исланд (128), 12. Португалија (128), 13. Белорусија (96), 14. Македонија (88), 15. Чешка (80), 16. Русија (76), 17. Србија (72), 18. Швајцарија (64), 19. Црна Гора (60), 20. Холандија (60)...

Сите репрезентации што се пред нас на табелата и Чешка која е зад нас ќе играат на СП и ќе заработат повеќе бодови од Македонија или овие 14 репрезентации ќе направат голема бодовна разлика пред екипите што нема да играат на СП. Следниот мундијал (2023) ќе се организира во Полска и тие од во моментов 25 место на ранкингот директно ќе одат на мундијал.

Вајлд карта за СП 2021
Ако добиеме вајлд карта за СП Египет, сме купиле мир во следните две години. Со бодовите од Египет би направиле голема разлика пред екипите како Србија, Швајцарија... и не би биле доведени во опасност да одиме шешир подолу за ЕП 2024 што ќе се игра во Германија. Но, СП Египет денеска ни изгледа подалечен од СП Египет во моментот кога беа поништени баражите. 
Ако не добиеме вајлд карта, тогаш целата иднина на нашиот ракомет ќе биде ЕП 2022. Зад врат зад броените места во вториот шешир ќе ни бидат Србија, Русија, Швајцарија... 

ЕП 2022
Во следните квалификации во кои ќе играме со Данска, Швајцарија и Финска нема поправен. Македонија мора да се пласира на ова ЕП. Ако овде потфрлиме, тогаш третиот шешир е нашата иднина. И не само што мораме да се пласираме на ова ЕП, туку мораме да го минеме и првиот круг. Риавлите ни се на чекор и ако некоја од нив помине во главна рунда, ќе ја помине и Македонија на ранг листата. Ова е цената за испаѓањето во прва рунда во Германија и Австрија и во моментов отсуството од СП.
Само со пласман во главна рунда ќе обезбедиме прв шешир во бараж за СП Полска 2023 и втор шешир за понатамошните квалификации за ЕП... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk