Турнирот во Струга (засега) без публика

Оранизаторите на струшкиот турнир добија зелено светло за одржување на натпреварите, но поради актуелните мерки, засега присуство на публика не е дозволено. 



Организаторите на струкиот турнир имаат пред себе нешто повеќе од еден месец, период во кој се надеваат дека нешто ќе тргне на добро во поглед на корона пандемијата и турнирот ќе можат да го организираат со присуство на гледачи. 

Зелено светло за одржување на натпреварите добија од кризниот штаб, но во моментов се актуелни мерки со кои не е дозволено на трибините да има гледачи.

Струга се одлучи годинава турнирот да го организира само со македонски екипи, а заинтересираноста е огромна. Организаторот поучен од претходните турнири на кои се покажа дека осум екипи се многу, сега е на „слатки“ маки. Дали да има осум екипи и турнирот да почнува уште претпладне или да има шест и да се игра во попладневните термини. 

Струга, Вардар, Металург и Е. Пелистер се сигурни четири учесници. Заинтересираност, да не кажеме апликација има и од Бутел Скопје, Т. Пролет, Охрид и Прилеп. Но, тука не заврува списокот, некои екипи како што неофицијално дознаваме се спремни да си заминат во Струга на подготовки, иако не се учесници на турнирот, па таму да си бараат спаринг партнери, па може да излезе „цела“ Супер лига да биде покрај езерото во периодот после 10 август. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk