ВЕСТИ: Србија со македонски модел, Келце подели плата...

Првенството на Србија следната сезона ќе брои 16 клубови, а тие ќе бидат поделени во две групи. Потоа четирите подобри тима од секоја група ќе играат плеј оф, другите плеј аут.
Ова е истиот модел што го промовираше РФМ во мај годинава. Разликата е што следната сезона во Србија останува истиот модел, додека во Македонија со враќањето на сехалигашите, ќе се формира Супер лига со 10 екипи. 
Сличен план да се игра по групи има и во Шпанија. 



Келце го одржа зборот и на играчите им ги исплати платите заклучно со 30 јуни. Со тоа нема никаков услов некој да замине од клубот, освен ако управата не му даде зелено светло за трансфер. 
Во меѓувреме навивачите собираат средства за спас и за две недели собраа 100.000 евра, од потребните 560.000. Тоа е една петина од сумата, но задоволството кај претседателот на клубот е големо и може уште сега да се каже дека мисијата е успешна. 

Франција го смени градот домаќин на Олимписките квалификации. Тие ја имаа резервирано Акорд Арена (Берси) во Париз, но поради корона пандемијата се сменија многу работи. Во новиот термин што го одреди ИХФ, париската сала веќе беше резервирана за концерт, па ракометот се сели во Монпеље. 

„Hummel“ е доминантен снабдувач на спортска опрема на ракометните клубови, но сезонава две големи имиња решија да играат со опрема од друг производител. 
Фуксе Берлин потпиша договор со „Puma“, а Веспрем следната сезона ќе игра во дресови произведени од „2Rule“.

Португалскиот клуб Спортинг ја официјализирарше смената на тренерската позиција. На местото на францускиот стручњак Тјери Анти, доаѓа домашниот стратег Руи Силва. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk