Дали беше добра ждрепката за Вардар?

Група А: Вардар, ПСЖ, Порто, Келце, Пик Сегед, Флензбург, Мешков Брест, Елверум
Група Б: Барса, Веспрем, Кил, Алборг, Нант, Мотор, Целје Пивоварна Лашко, ППД Загреб



По една проспана ноќ и стотици прочитани коменатари на темата дали ждрепката била добра или лоша, решивме да направиме една мала анализа на вчерашниот настан, без да се жалиме и отпишуваме, но и без ставови како тој дека Вардар е најсилен кога е отпишан или Вардар е шампион, нека му ја мислат другите.
Ќе се трудиме да бидеме најреални што можеме или како што вели тренерот на клубот Стевче Алушовски, нити некого ќе потцениме, нити пак некого ќе преценуваме, вклучувајќи го на прво место - Вардар. 

Сметаме дека Вардар ги доби најтешките противници и дека оваа група е поопасна, со многу повеќе замки и ќе биде далеку понеизвесна, особено за Вардар, отколку да играше во групата „Б“. 

Најголемиот дел од мислењата дека оваа група е подобра, се темели на тоа дека ќе играме со послабите екипи од Унгарија и Германија. Тоа е точно, ретко кој би одбрал да игра со Кил и Веспрем, место со Флензбург и ПИК Сегед. 
Но, ова е погрешно поставување на работите, затоа што посилните и послабите екипи од Германија и Унгарија, не се екипи од ист шешир. 

Па така, ако Вардар играше со посилниот унгарски тим, тогаш немаше да игра со ПСЖ, туку со Нант. И сега прашање е: Дали е подобро ПСЖ и ПИК Сегед или Веспрем и Нант? Кога ние би бирале, тоа би биле Веспрем и Нант. 

Истото се однесува и на Германците. Особено што Флензбург е екипа од четвртиот шешир. Тука прашањето би било, дали е подобро да се игра со Кил и Целје/ППД Загреб или со Келце и Флезнбург? Без размислување би го одбрале Кил, односно Целје или Загреб. 

И понатаму ждрепката не беше во прилог. Меѓу Порто и Алборг, го добивме Порто. 
Меѓу Мешков Брест и Мотор, го добивме Мешков Брест. 

Имаше и трета опција, од првиот шешир противникот да биде Барса, а таа ќе ги донесеше во Скопје екипите на Пик Сегед и Нант, а потенцијални остануваа Кил, Келце... Комбинаторики во ждрепката имаше повеќе, но ќе се држиме само на тоа што е веќе финален продукт. 

Кога Вардар би бил во „Б“ група ваква каква што е,уште денеска ќе запишевме најмалку 14 бода на табелата од дуелите со Целје, Загреб, Мотор и барем една победа со Алборг. Трето место ќе беше битка со Нант и ќе гледавме кон „А“ група, кој би бил идеален противник за 1/8 финале. 

Во групата во која е сега, единствен аутсајдер е Елверум, а на сите други мечеви, може се да се случи. Ќе ги анализираме сите противници на Вардар во текот на денот, па потоа сами ќе можете да извлечете заклучок. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk