Алушовски: Целта останува 1/4 финале

Вардар доби атрактивна, силна и избалансирана група на противници во групаната фаза на Лигата на шампионите за следната сезона. 



Противниците од горните шешири секако беа квалитетни, но среќата не го посака македонскиот тим кога се работи за полесните противници, па така во групата „Б“ заминаа Мотор, ППД Загреб и Целје Пивоварна Лашко. 

Норвешкиот Елверум, засилен со Лик Абало е единствениот аутсајдер во групата од осум екипи од кои само шест продолжуваат во 1/8 финалето. 

„И сум и не сум задоволен од епилогот на ждрепката. Можевме да поминеме полесно, но што е  - тоа е. Нашата цел останува непроменета, тоа е пласман во 1/4 финалето на ЛШ. 
Сега е редот на нас, да се подготвиме добро. Нема ниту еден противник да потцениме, ниту некого ќе прецениме. Имаме многу нови играчи, треба да се воиграме да се склопи една добра целина и да биде тимот како што бил. Не чека многу работа, внимателно ќе анализираме, има многу промени во клубовите, но ќе одиме чекор по чекор“, вели тренерот на црвен-црните, Стевче Алушовски. 



foto: rkvardar.mk

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk