Охрид се раздели со Грузиецот

Во редовите на Охрид следната сезона нема да игра грузискиот интернационалец Лексо Цитијашвили



Охрид следната сезона нема да смета на услугите на грузискиот интернационалец Лексо Цитијашвили.  Тој одигра солидна сезона во сино-белиот тим, а клубот кој претходно обнови договори со неколку ракометари и практично го задржа составот му понуди нов договор. 

Но, Цитијашвили, кому договорот му истече и се врати во Грузија, реши да остане дома, од семејни причини. Барем во прв момент е така, сигурно ќе чуеме доколку направи трансфер кој клуб го одбрал за следна дестинација. 

Со илил без него, Охрид има сосема респектабилен тим, иако клупскиот ростер останува отворен и наскоро би требало да има и засилување, веројатно од странство. 
Клубот вчера доби нов претседател и ќе видиме како ќе се развива клубот под негово водство. 

фото:ohridnews.com

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk