И машкиот Фајнал Фор е под прашалник

Не е во прашање една земја. Не зависи од ситуацијата во Унгарија. Доаѓаат екипи и навивачи од други краеви на Европа. Ова не е унгарски настан туку европски настан“, изјави претседателот на ЕХФ по повод откажувањето на женскиот Фајнал Фор то требаше да се игра во септември во Будимпешта. 



Женскиот Фајнал Фор е откажан. Европа нема да има кралица следната сезона, но тука приказната не завршува. Машкиот Фајнал Фор засега е на безбедна дистанца, 28-29 декември. Но...

„Никој не сака финансиски неисплатливи настани и никој не сака да ги гледа негативните последици од спортски настан со кој го ризикуваме здравјето на луѓето. Наша е одговорноста да го пробиваме патот во вакви теки ситуации и да носиме тешки одлуки. Сега, чувствуваме дека нема гаранција дека врвен настан може да се организира во септември, со публика, а во исто време и економски да биде исплатлив“, изјави Видерер за унгарските медиуми по повод откажување на Фајнал Фор турнирот во Будимпешта. 

Макиот Фајнал Фор засега е безбеден со статус кво на одлуката да се игра на 28-29 декември. Но, нема да се чека последниот месец од годината за да се знае дали и во машка конкуренција ќе има нов шампион. 
ЕХФ конечната одлука ќе ја донесе најдоцна до крајот на октомври. Зависи од тоа каква ќе биде корона ситуацијата тогаш и какви ќе бидат прогнозите. Фајнал Фор без публика нема да се игра, тоа барем е јасно од досега одиграните потези. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk