Десет ракометарки на Вац позитивни на Ковид 19

Дека следната сезона сигурно ќе се игра, веќе не е толку сигурно...



Светот бара начин како да функционира паралелно со корона вирусот. Спортот полека се враќа на терените, некаде со, некаде без публика. Но, дека следната сезона ќе се игра без проблеми или дека воопшто ќе се игра, не можеме да бидеме сигурни. 

Последниот пример за освестување доаѓа од Унгарија, од женскит тим Вац. Оваа екипа направи тстирање и почна со подготовки на 25 мај и речиси еден месец се беше во ред. Но, последните денови неколку ракометарки почувствувале симптоми на болеста по што тимот одново направи тестирање. 

Дури 10 ракометарки на Вац се позитивни на Ковид 19. Целиот тим заедно со тренерскиот штаб е во во изолација и со тренинзи ќе продолжат на 20 јули, ако се во ред. 

Ова е само еден пример што може да се случи во текот на сезоната. И што е реално да се очекува дека ќе се случи. Како ќе се реагира во таква ситуација е прашање за федерациите и клубовите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk