Во моментов најпознатата црногорска ракометарка, Катарина Булатовиќ, одново прогласи ракометна пензија. Таа веќе имаше таква одлука, но реши да игра и да настапи на Фајнал Фор турнирот и потпиша договор со Ѓер на четири месеци.
Но, ЕХФ го откажа женскиот Фајнал Фор турнир, па следствено и договорот на Булатовиќ со Ѓер пропадна и таа одново се врати во мирните пензионерски води.
Романската екипа Корона Брашов, благодарение на која петнаесетина ракометарки меѓу кои и макеоднската репрезентативка Наташа Нолевска заработија суспензии, повторно се враќа во игра.
Корона Брашов има нов тренер. Тоа е познатата романска ракометарка, Симона Гогирла. Првото засилување им доаѓа од Србија, 25 годишната Јелена Терзиќ потпиша за најнепопуларната екипа во моментов.
Шведската репрезентативка Натали Хагман, по авантурите во Романија и Данска, се реши за нов чекор. Ќе игра во Франција, потпиша за екипата на Нант.
Голманот на репрезентацијата на Црна Гора, Марина Рајчиќ, објави дека е бремена и привремено ја прекинува кариерата.