Охрид доби нов претседател

Охрид денеска доби претседател на Ракометниот клуб. 



Главниот извршен директор на Костал Македонија и претседател на Асоцијацијата на странски компании со технолошки напредно производство, Виктор Мизо е нов претседател на охридскиот ракометен клуб.
Виктор Мизо на денешното собрание на клубот влезе во бордот на директори како неизвршен член. Потоа бордот на директори го одбра за нов претседател. 

Во управата на клубот остануваат истите членови а сите едногласно најавија голема поддршка на Ракометниот клуб Охрид кој е синоним за успех и успешно работење во македонскиот ракомет.

Вктор Мизо доаѓа на местото на Димитар Василевски-Саричко. Претходниот претседател поднесе оставка по одлуката на Ракометната федерација на Македонија да ја поништи корона сезоната и за валидна да ја смета ланската табела. 
Охрид годинава во регуларниот дел беше втор на табелата и очекуваше сезонава да игра во Европа. Но, со поништувањето на сезоната, тие дојдоа само до позиција да аплицираат за Лига Европа. Уште истиот ден кога беше потврдено по кој систем ќе се распределуваат местата за европа, Василевски поднесе оставка. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk