Нов Хрват на радар на Е. Пелистер?

Долго време Е. Пелистер е мирен и надвор од шпекулациите и информации за следната сезона. Денеска, конечно, се појави една шпекулација



Уште еден Векиќ би можел од Хрватска да стигне во Македонија. По Јосип Векиќ кој потпиша за Вардар, денеска „битолската чаршија“ ни шепна дека е можно Иван Векиќ да биде решението на голманската позиција во Е. Пелистер. 

Се обидуваме да ја потврдиме информацијата, но очигледно тоа ќе потрае, а во меѓувреме решивме да ја споделиме со вас, во вид на шпекулација, затоа што, сеедно, ќе си го најдеше патот до љубопитните уши. 
Од наш агол не би дале големи шанси на овој трансфер, но од друга страна Жељко Бабиќ е тренерот на битолчани, па така не затвораме ниту една врата. 

Иван Векиќ е 22 годишен голман на ППД Загреб лани позајмен во екипата на Горица. Овој клуб, пак, од 2017 година потпиша договор за сорботка, со што практично стана филијала на ППД Загреб, во времето кога Бабиќ беше селектор на Хрватска. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk