Кил го обиколи светот за седум месеци

Ракометарите на Кил на пат минаа околу 4.800 километри повеќе од должината на екваторската линија околу земјата



Да се биде професионален спортист подразбира постојани патувања, но внимавајте да пред да изустите „блазе си им, се изнашетаа'. Затоа што дистанците што го минаа ракометарите на Кил за само седум месеци се малку повеќе од патување. 

Кил денеска се „пофали“ дека нивните ракометари минале 44.858 километри што со автобус, што со авион што со воз. Тоа е дистанца со која би ја заобиколиле земјината топка по должина на еваторската линија и уште 4.800 километри плус. За седум месеци сезона. 

Сега е спремаат за следната. Таа ќе биде и подолга сезона и ќе имаат повеќе патувања. Особено за тие играчи што во август ќе мораат да „скокнат“ и до Токио и назад, за настап на Олимписките игри.  

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk