РАСПОРЕД И ТЕРМИНИ: Почнуваме со Финска, завршуваме со Швајцарија

На ЕХФ му требаше нешто повеќе време да ги официјализира термините и распоредот на квалификациите за ЕП 2022. Денеска ги потврди термините во кои и Македонија ќе ги игра своите натпревари



Македонија првиот квалификациски натпревар од циклусот за пласман на ЕП Словечка и Унгарија ќе го игра на 4-5 ноември на домашен терен. Првпат гостин во Македонија ќе биде сениорскиот тим на Финска, а потоа само два или три дена подоцна на гости кај Швајцарија го играме еден од најважните натпревари, воедно последен во 2020. 

Третото и четвртото коло се резервирани за дуелите со светскиот шампион Данска. Со оглед на тоа дека Данска не игра квалификации за ОИ Токио, овие натпревари ќе се играат во март, а не во јануари како што ќе играат десет други репрезентации. 

Прв новитет е што овие кваллификации ќе завршат рано, на почетокот на мај. На крајот на април, 28-29 ќе одиме на гости кај Финска, а потоа на 02-03 мај во Македонија финишираме со дуел со Швајцарија. Две, евентуално три репрезентации од оваа група ќе обезбедат пласман на ЕП Словачка и Унгарија. 

Втор официјално непотврден новитет е што натпреварите од овие квалификации ќе мора да се играат во сала што има капацитет од минимум 2.000 гледачи и најмалку две главни трибини од страните на теренот. Ова се базира на моментот дека ќе се игра со публика.
Градот домаќин мора да биде пријавен во ЕХФ три месеци пред одигрување на натпреварот.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk