Металург крена раце од Јотиќ

Металург нема намера да испраќа нови понуди до хрватскиот бек Ловро Јотиќ 



Металург ја продолжува потрагата по централен бек за следната сезона, но на списокот на потенцијални засилувања веќе го нема хрватскиот бек Ловро Јотиќ. 

Јотиќ сезонава замина од Е. Пелистер и е договорен со Бенфика. Но, премногу се одлоговлечи неговата промоција во Лисабон, во меѓувреме Бенфика реши да го стегне ременот, од клубот си замина Рене Тофт Хансен, а едвај, по многу дискусии се реши да се пријави во квалификациите за Лига Европа. 

Сето ова стави еден прашалник покрај трансферот на Јотиќ во Португалија, па одеднаш одново стана интересен за македонсиките клубови, односно за Вардар и Металург. 

И одново, предолго сето тоа трае. Вардар се обидува да ги одоброволи Кил и Зарабец за трансфер на Словенецот во Скопје, но паралелно со таа опција е и Јотиќ. 

Металург во прв момент исто така се загреа за Хрватот кој лани имаше добра сезона во Битола, но сега од „Авткокоманда“ стигнуваат поинакви сигнали. Понудата засега стои, но нема да има нова, ниту обид за нов контакт. 

Металург за оваа позиција го имаше потпишано Брзилецот Тешеира, а беше блиску и до трансфер на Чехот Андреј Здрахала од Висла. Блиц варијанта, во еден момент беше и Иранецот Алахкарам Естеки. 
Но, Тешеира поради семејни причини, односно поради неговата бремена девојка побара раскин на договорот и одново се договори со ЧСМ Букурешт, Естеки се врати во Динамо Букурешт, а Здрахала се реши за некоја друга поблиску до дома варијанта. 

Но, во „Автокоманда“ не се воопшто вознемирени, напротив. Понуди имаат неколку, а буџетот им дозволува да размислуваат и за подобри играчи од Ловро Јотиќ, па во тој правец и ќе оди потрагата во следниот период. 
Со досега ангажираните новитети и централен бек со подобро резиме, Металург следната сезона ќе биде далеку поопасен противник за сите во домашниот шампионат, а го очекуваме и во групната фаза на Лига Европа. Таму аплицираше за надградба, директно место во група, но и ако не биде тоа случај, како носител во квалификациите би требало да си го расчисти сам патот до групната фаза. 

Не е дозволено преземање на текстот или делови од текстот без согласност од g-sport.mk

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk