Шот-клок ја губи „популарноста“

Поранешниот чешки репрезентативец, а сега тренер на Кил, Филип Јиха, ја искористи корона паузата за да постави на дневен ред тема шот-клок или временско ограничување на нападот во ракометот. 



Веројатно сте имале можност да слушнете многупати досега идеја за воведување на временски ограничен напад во ракометот. Зад ваквата идеја стојат потпишани многу познати тренери и играчи, главно од силните екипи што преферираат брз ракомет. И особено, откако не им одело добро против екипи што ја умртвуваат играта, го намалуваат бројот на напади и следствено постигнати-примени голови. 

Целта е да се забрза играта, да се намали судиското влијание или слободна судиска проценка (пасивна игра), што со воведување на лимит на напад би било само по себе наметната.
Но, суштински идејата носи многу други потенцијални промени, па временското ограничување не проаѓа добро во ракометната фела. ИХФ е категорично против, а единствено тие се легитимни да воведат таква промена, па додека Хасан Мустафа не го смени мислењето, шот клок нема да има. 

Во еден момент, Русија, земја што традиционално игра бавен позициски ракомет, со цела да го модернизира стилот, а и да биде чекор пред другите доколку се воведе ваква промена, во националниот шампионат воведе временски лимит од 35 секунди. 
Не ги доби посакуваните резултати, па по една сеозона се врати на стариот метод. 

Филип Јиха, тренерот на Кил, ја искористи корона паузата за да го актуелизира ова прашање. Беше организирана и анкета на познат ракометен медиум, а резултатот не е во корист на шот клок. 

Дури 74,7 % од тие што го кажаа својот став се против воведување на временски лимит, наспроти 23.4 % кои се за. На нешто помалку од 2% им е сеедно.
Околу 50 % признаваат успорувањето на играта е проблем, но само 23% од нив веруваат дека тоа би се променило со воведување на шот клок. Другите сметаат дека има други подобро начини од временски лимит за да се постигне целта. 

Од тие што гласале за шот клок, најголемиот дел, 24 % сметаат дека 60 секунди е времето за кое нападот треба да се ограничи. Втората опција е 45 секунди. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk