Се понуди ли ПИК Сегед за учество во СЕХА?!

Претседателот на ПИК Сегед, во ТВ интервју изјави дека Регионална лига би била решение за намалената заинтересираност за ракомет додека не се најде вакцина за корона вирус.



Претседателот на ПИК Сегед во тв интервју изјави дека првенството на Унгарија ќе биде значително ослабено поради пандемијата и дека Регионална лига со соседните земји би бил добар начин да се зголеми заинтересираноста за ракомет додека се најде вакцина за корона. 

Да се формира нова Регионална лига е можно, но не е нималку едноставно, а и чини многу. Претседателот на клубот не прецизираше каква Регионална им на ум. Настрана тоа, сите добри екипи од регионот со исклучок на полскките, веќе играат во регионална лига - СЕХА Гаспром. 

Се понуди ли со оваа изјава ПИК Сегед за учество во СЕХА? Тоа е повеќе меѓународна отколку регионална, но ПИК Сегед веќе има учествувано. Тие не сакаа во иста регионална лига со Веспрем, но вака поделена на групи кога со Веспрем би се сретнале на евентуален „Ф4“ можеби им е поблиска за играње.  




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk