Се откажа на два пехара до рекорд

Виктор Томас поради срцеви проблеми реши да ја заврши кариерата на 35 годишна возраст. Малку му недостасуваше да стане рекордер во Барса



Виктор Томас реши да ја заврши кариерата на 35 годишна вораст, а по доделувањето на овогодинешниот пехар на Барса, го доби и 69 пехар во кариерата. 
Беше блиску, една сезона го делеше од моментот да го собори рекородот на Давид Баруфет кој има 71 пехар и се уште е недопирлив. 

Годинава Седрик Сориндо и Раул Ентрериос стигнаа до пехарот број 50, а нешто пред нив Аитор Арињо влезе во клубот 50, сега тој има 51 пехар. 

И иако Аитор Арињо не е ракометар чие име звучи многу познато, како споменатите Раул и Сориндо, тој веројатно ќе ги мине на вечната листа и легендите како Урдангарин, Масип и О'Калахан кои имаат по 52-54 пехари. Тоа ќе го стори следната сезона имајќи предвид дека Барса сигурно ќе освои три пехари, во Асобал. Арињо така ќе дојде зад Томас и Баруфет, но ќе му треба повеќе време за да успее да ги загрози, најмалку 4-5 години. 
Но, Арињо има само 27 години и веројатно ќе биде најуспешниот ракометар на Барса кога ќе реши да ја заврши кариерата. Под услов да остане во „Блауграна“, во единствениот клуб во кој играл во кариерата. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk