Прилеп го промовираше Чурлевски

Прилеп денеска официјално го потврди тансферот на Филип Чурлевски од Е. Пелистер во Прилеп.



Прилеп денеска го официјализираше преминот на македонскиот репрезентативец Филип Чурлевски од Е. Пелистер во Прилеп. 
Чурлевски во времето кога Раул Гонзалез ја водеше репрезентацијата беше дел и од националниот состав и имаше свое деби на Светско првенство, 2019 во Германија. 

Во Прилеп заедно со Чантурија, повратникот Шокоски и планираните засилувања од Грузија ќе има улога на носител на играта и шанса одново да се бори за место во репрезентацијата, а жолтиот тим полека заличува на екипа што нема да биде за подобрување на статистиката на противниците. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk