Нова „конкуренција“ за Ристовска во ЦСКА

Откако ЦСКА Москва доби место во Лигата на шампионите, клубот ангажираше и трето десно крило



Сара Ристовска доби нова конкуренција или може попрецизно, шанса повеќе да одмори на небитните натпревари во екипата на ЦСКА Москва, дебитант во Лигата на шампионите. 

ЦСКА ја имаше комплетирано десната крилна позиција со новодојдената Марина Судакова и Сара Ристовска, додека екс вардарката Екатерина Љубљанаја си замина од тимот. 
Но, клубот доби зелено светло за играње во ЛШ, по што ангажираше и трето десно крило. 

Ева Демидович, 19 годишна јуниорска репрезентативка на Русија, доаѓа во Москва од екипата на Лада Тољати. Таму не играше многу, но важи како голем потенцијал, па ЦСКА не губеше време. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk