Сервас: Ме насмеаја со Карачиќ во Вардар

Сопственикот на Келце, холандскиот бизнисмен Бертус Сервас, во интервју за Spotowefakty зборуваше за новата состојба во клубот, а го спомена и „трансферот“ на Игор Карачиќ во Вардар



Сопственикот на Келце, холандскиот бизнисмен што своевремено се заубил и решил да остане во Полска, Бертус Сервас, одново е на насловните страни во ракометната Полска.
Келце е на добар пат да се извлече од кризата, а фановите активно помагаат во тоа. Распродажбата на опремата место за четири заврши за еден ден, а сега следат аукции...

Прашањата што привлекуваа најмногу внимание, се однесуваа на актуелната состојба со играчите. 

„Разговарам со Турнат, тој веќе одбра стан во Келце и не гледам зошто би се предомислувал. Што се однесува до Хаукур Трастарсон, секогаш кога се јавува ваква криза, се јавуваат и менаџери што сакаат да профитираат. Келце очигледно е атрактивно во моментов за нив. 
Кога прочитав за Карачиќ дека се враќа во Вардар, можев само да смеам. Игор останува со нас“, изјави Сервас. 

Ако за Карачиќ му било смешно, којзнае како ќе се реагираше ако стигнеа до него и информациите дека и Алекс Дуешебаев во пакет со Карачиќ се враќа во Скопје, а Андреас Волф ќе брани за Е. Пелистер... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk