Валчак потпиша на една година со Вардар 1961

Вчера не, но денеска можеме да потврдиме дека полскиот пивот Патрик Валчак (27) потпишал за Вардар 1961



Полскиот пивот Патрик Валчак денеска потпиша договор на една плус една година со се уште актуелниот европски првак Вардар 1961. 

Информацијата беше лансирана вчера и не се сомневавме во нејзината веројдостојност затоа што беше потврдена од извори во Вардар. Но, преговорите беа во завршната фаза, но и беа финализирани. Денеска е и официјално готово и тој може да биде промовиран во играч на македонскиот клуб. 

Патрик Валчак ќе биде дел од триото заедно со Столе Стоилов и Глеб Калараш и младите македонски пивоти Атанасовски и Гашовски. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk