Металург ослободи еден ракометар

Металург денеска го ослободи од обврските грузискиот бек Иракли Кбилашвили и ослободи место за нов странски играч надвор од квотата 1



Металург продолжи со комплетирањето на тимот за следната сезона, но овој пат со мало преструктуирање во веќе посточкиот ростер.
Од екипата заминува грузискиот бек Иракли Кбилашвили кој минатата сезона дојде во Скопје. Не дека Металург не беше задоволен од него, но амбициите на клубот сега се зголемени, квотата на странци што не се од Топ 15 држави е исполнета, а клубот се уште е во потрага по централен бек што ќе биде носител  на играта следната сезона. 

„Му се заблагодаривме на Иракли Кбилашвили за соработката и му посакуваме успех во понатамошната кариера. Ние продолжуваме со преговори со играчи за пополнување на таа позиција, но со поквалитетни и поискусни такометари што можат да се вклопат во сегашниот тим, но и правилото односно квотата на РФМ за странци.
Металург во моментов на таа позиција го има Стефан Додиќ, млад и талентиран ракометар на кого му дадовме предност и кој треба да добие шанса да игра порај поискусен ракометар од кого ќе учи и ќе напредува“, вели претседателот на клубот Зорица Блажевска. 

Металург и натаму е во потрага по централен бек, Ловро Јотиќ е еден од кандидатите за таа позиција, но тој засега е фокусиран на преселба во Бенфика, а и Вардар има понуда за истиот ракометар. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk