Келце распродаде се за еден ден!

Излезот од кризата во Келце е на повидок откако се јавија неколку компании подготвени да го спонзорираат полскиот шампион, но клубот продолжува со својата акција за собирање пари. 
Навивачите собраа над 20.000 евра, а клубот реши да организира и распродажба на дресови, маици итн. 



Епилогот по првиот ден од распродажбата е „стакло“ чист магацин. Цените беа симболични и се движеа од околу три евра за маица, до 7 евра за дрес. Се што имаше Келце на залиха се продаде во рок од неколку часа. 

Сега се подготвува нова распродажба, со други навивачки реквизити, по исто така симболични цени. Веруваме со ист ефект. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk