Барса ги носи Нант и Пик Сегед во Скопје

ЕХФ ги објави носителите во ждрепката за следната сезона во Лигата на шампионите. Поради правилото две екипи од иста држава да не можат да играат меѓусебе во групната фаза се ждрепката ќе биде полудиригирана и носи интересни комбинации. 



На први јули со ждрепка што ќе се одржи во Виена, 16-те екипи што ќе играат во ЛШ, ќе бидат поделени во две групи. ЕХФ ги одреди носителите, па така можат да се прават комбинации за сите клубови.
Заштитата во ждрепката, две екипи од иста држава да не можат да играат меѓусебе во групната фаза, отвора неколку интересни комбинации за Вардар. 

Најинтересната секако е Барса да биде во група со Вардар. Ако се случи тоа, тогаш Нант и ПИК Сегед автоматски стануваат противници на Вардар од третиот шешир. Во групата на ПСЖ и Веспрем се селат Мешков Брест и Мотор Запорожје. 
И тоа нема да биде се, затоа што во ваков случај во група со Барса, Пик Сегед и Нант, потенцијални противници остануваат и Кил, Келце, Порто...

Ако противник на Вардар стане Веспрем, тогаш Нант сигурно доаѓа во Скопје, а ПИК Сегед сигурно нема да го видиме. Тој ќе биде во група со Барса и ПСЖ.

Ако противник на Вардар од првиот шешир стане ПСЖ, тогаш нема да го гледаме Нант во Скопје, затоа што автоматски влегува во група со Барса и Веспрем, но ќе го видиме ПИК Сегед. 

Ако противник на Вардар од вториот шешир стане Кил, тогаш Флензбург нема да дојде во Скопје и обратно. Ако Кил не е противник, тогаш сигурно во Скопје ќе дојде Флензбург. 

Прв шешир: Барса, ПСЖ, Вардар, Веспрем
Втор шешир: Кил, Келце, Алборг и Порто.
Трет шешир: Мешков, Мотор, Нант и Пик Сегед 

Четврт шешир: Флензбург, Целје, Елверум и ППД Загреб. 


Во групната фаза ќе играат по осум екипи поделени во две групи. Ќе играат двокружно, секој со секого дома-гости. Откако ќе се комплетираат 14 кола, двете најдобри екипи од секоја од групите ќе се пласираат директно во 1/4 финалето. Екипите од трето до шесто место, ќе играат 1/8 финале или со речникот на ЕХФ, Плеј оф. Седмо и осмопласираните завршуваат со настапот во ЛШ. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk