Шампионот на Словачка и стандарден сехалигаш, Татран Прешов, повторно се бори сам против сите други клубови во земјата
Во Словачка повторно се води „студена“ војна меѓу нивниот единствен добар клуб Татран Прешов и мнозинството (полу)аматерски ривали до домашниот шампионат.
Клубовите го отфрлија досегашниот систем на натпревари и слично како и во Полска, го откажуваат плеј оф натпреварувањето, а сакаат да играат обичен двокружен систем.
Причина, да се заштедат пари во корона сезоната, пари што би можеле да влијаат на нивната егзистенција.
На овој предлог, што патем треба да биде излагасан и потврден од федерацијата (слично како и кај нас) се противи сехалигаот Татран Прешов.
Тие сметаат дека исфрлањето на плеј оф, сериозно ќе го наруши квалитетот на првенството. А, ако егзистенцијата на клубовите е нарушена со пет гостувања плус, од кои грото се 100-тина километри, тогаш Словачка треба да се запраша дали ракометот е на вистинскиот пат и дали тие клубови воопшто и треба да играат во најсилна конкуренција.