Екс вардарка се врати од пензија на 40 години

Шпанскиот пивот Бегоња Фернандез повторно ќе плива во ракометни води



Шпанската екипа Виго, објави дека следната сезона во нивната екипа се враќа Бегоња Фернандез (40), поранешен репрезентативен пикер и поранешна ракометарка на ЖРК Вардар (2012-2015). Таа по заминувањето од Вардар објави крај на професионалната кариера. 

Во паузата од професионален ракомет, на повисоко ниво, која траеше пет години, таа двапати стана мајка и уште имаше време и пред една сезона да работи со Виго. Клубот го напушти лани од семејни причини, но сега на возраст од 40 години одново се враќа. 

Фернандез биде инволвирана во првиот тим и ќе работи со младите категории во клубот. Нејзиното искуство собрано од Сагунто, Ичако, Елда Престиго, Заечар и Вардар сигурно ќе биде применето особено во работата со младите категории. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk