Нора Морк си оди од ЧСМ Букурешт?

Нора Морк е повторно на насловните страници во Норвешка. Овој пат, скандинавските новинари најавуваат нејзино враќање во татковината



Нора Морк се враќа во Норвешка е главниот наслов на спортскиот дел на норвешката Телевизија. Некогаш беше кандидат за најдобар играч, сега е кандидат за најпромашен трансфер. 
Екипата што најмногу настрада, традиционално е ЧСМ Букурешт. 

Нора Морк беше повредена долго време, толку долго што веруваме дека унгарските доктори тивко им шепнале на чениците на Ѓер да се ослободат од скапата ѕвезда. 
Но, повредата на Морк не беше пречка за челниците на ЧСМ, конечно, да го остварат својот сон и да го состават триото Кристина Неагу - Андреа Лекиќ - Нора Морк. 

Трите најдобри бека - гаранција за титула. Но, „малчице је друкчије у пракси“ вели стар ју-рокер во едно од своите ремек дела.
Триото најдобри изгледаше како „Франкенштајнова творба“. Три алфи во еден клуб е премногу, посебно кога ниту една од нив не фукнционира најдобро кога не е во главна улога. Настрана сето тоа, ова трио не се ни состави затоа што Нора Морк постојано беше повредена. 

Дојде повредена, докторите се сомневаа дека е спремна да се врати, но доби зелено светло од Норвешка, па потворно се повреди. Замина на нова операција, па и беше извршена уште една, тајна операција (десетта) и најави ново враќање. 

Ново враќање, но во Кристијансанд пишуваат Норвежаните. Иако има активен договор со ЧСМ и треба во јули да се појави таму на почеток на подоготовки. Прашање е следниот потег на Романците... Дали ќе се/ја ослободат или ќе ризикуваат со некогаш најдобрата ракометарка која веќе две години ракометно добро заработува, но ја нема на терен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk