Екс ракометар загубил торбичка со пари, му ја донеле дома!

Поранешниот ракометен голман, Ѓокица Стојановски, член на неколку македонски екипи (Вардар, Југ, Пролет, Повардарие...), денеска е хит на социјалните мрежи. Некогашниот ракометар ја загубил својата торбичка во близна на Рамстор. Во торбичката покрај многу лични документи и картички имал и позамашна сума на пари. Поточно 650 евра и 9.000 денари. 
Торбичката му била донесена дома, од сосема непознато лице. Херојот на денот се вика Насер и е од скопската населба Чаир. 
Тој ја нашол торбичката покрај својот автомобил и веднаш, без да се двоуми, по адреса од личната карта го нашол сега пресреќниот Стојановски. 



„Бев во Рамстор, само што излегов до паркингот пред мојата кола најдов една чанта, од љубопитноста ја отворив чантата гледам во неа имаше новчаник со документација, лична карта, возачка дозвола, банкарска картичка, и едно плико каде имаше 675 евра и 9.000 денари.
По лична карта видов дека адреса беше во Кисела Вода на ул. Вера Јоциќ. Без двоумење тргнав да го најдам сопственикот на чантата. Кога стигнав до адресата во Кисела Вода, сопственикот не беше дома, сигурно бил по потрага на изгубена чанта, зборев со комшиите, го повикаа на телефон и за 10 минути стигна заедно со своето семејство, жена, млади , деца. Му реков дали си изгубил нешто? Да, да ми рече една чанта и не знаеше што да каже, од радост му течеа солзи радосници. Се викаше Ѓокица, младо момче, семеен човек, беше со едно мало детенце во количка. Ми рече: не можам да поверувам дури до дома си ми ја донел изгубената чанта. Ме праша од каде си и како се викаш, му вратив се викам Насер и од Чаир сум. Од радост викаше о господе, и ги извади 100 евра и ми рече овие ти се бакшиш од мене, му реков нема потреба, многу пати ме замоли, те молам, те молам, барем за кафе или ручек да јадете со семејтвото . Со ово сакав да кажам, луѓето треба да се делат на добри и лоши, а со Ѓокица ќе се сретнеме повторно на некоја средба да пиеме по едно кафе, бидејќи и тој бил спортист ракометар  :))




„Пресреќен сум“, вели за g-sport.mk Ѓокица. „Не знам што да кажам. Се што кажа Насер е до збор точно. Немам доволно зборови за да му се заблагодарам. Тешко е во денешно време да се поверува дека некој сосема непознат би направил таков гест.“, вели Стојановски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk